Дома Фудбал ФИФА покажа милосрдие кон Кристијано Роналдо по неговиот црвен картон

ФИФА покажа милосрдие кон Кристијано Роналдо по неговиот црвен картон

Кристијано Роналдо ќе може да учествува веќе во првиот натпревар на Португалија на Светското првенство, откако беше казнет само еден натпревар за неговиот црвен картон против Ирска неодамна.

Дисциплинската комисија на ФИФА го казни капитенот на „морепловците“ со суспензија на три натпревари, но две од нив се условни. Во меѓувреме, Роналдо веќе ја издржа казната при победата од 9:1 против Ерменија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


40-годишниот напаѓач беше исклучен во светската квалификација против Ирците во Даблин, откако удри без топка Дара О’Шеј. Прогнозите навистина беа за три натпревари казна, но некои од нив да бидат условни. Тоа ќе значеше дека Кристијано Роналдо ќе отсуствува за првите два натпревари на португалците на Мундијалот.

Условните два натпревара ќе станат ефективни ако идната година Кристијано направи сличен престап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо отворено зборуваше за проблемите во тимот

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар што…