
Нов ден, нови сензационални вести од Мадрид – Чаби Алонсо е под сериозен притисок и за тоа пишуваат најдоверливите извори.
Марио Кортехана вчера прв ја објави приказната за Винисијус и Алонсо, дека недоразбирањата сè уште се присутни, како и дека Бразилецот порачал дека нема да го потпише новиот договор ако не се подобри ситуацијата со тренерот.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
На тоа денес се надоврзува уште еден доверлив новинар, Аранча Родригез, кој ги откри имињата на играчите кои се на страната на Чаби Алонсо, како и оние кои се незадоволни од новиот тренер.
Се разбира, кланот на незадоволните го предводи Винисијус Жуниор, а покрај него е и неговиот сонародник Родриго, што е очекувано ако се земе предвид дека тој целосно паднал во втор план. Со Бразилците е и еден играч со помала минутажа, ветеран Ферлан Менди, а се шпекулира дека дури ни Џуд Белингем не е баш најзадоволен од новиот систем, како и дека Трент Александер-Арнолд очекувал поголема доверба и поддршка. За сега е познато дека со Алонсо сигурно се само новајлиите – Дин Хаусен, Алваро Карерас, препородениот Арда Гулер, Тибо Куртоа и Килијан Мбапе.
Ситуацијата е уште полоша бидејќи и управата е поделена. Исто така, многу доверливи извори пишуваат дека некои во управата се многу загрижени поради очигледната поделба во соблекувалната и се сомневаат дека Ќаби Алонсо може да го контролира толку многу ѕвезди со силно его. Во клубот, дури зад сцени се зборува за отказ на Алонсо ако не се подобрат работите во наредните натпревари, а клучен ќе биде дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.