Дома Фудбал Mаестрална психолошка игра: Вака Мањан го надмудри Чалханоглу (Видео)

Mаестрална психолошка игра: Вака Мањан го надмудри Чалханоглу (Видео)

Фудбалерите на Милан го совладаа Интер со 1:0 во големото дерби, а херојот на натпреварот беше голманот Мајк Мањан.

Тој успеа да одбрани пенал на Хакан Чалханоглу, кој во својата кариера изведе 60 пенали, а ова му беше само седмиот промашен.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Познатиот Џанлука Маркежани изјави дека психолошките игри на Мањан, пред самото изведување, кои често ги практикуваат голманите, се покажале како успешни. Доколку го следевте мечот, можевте да забележите дека Мањан намерно остави повеќе простор за Чалханоглу да шутне во неговата десна, а своја лева страна.

“Иако само малку се помести настрана, од центарот на голот, визуелно десната страна на Мањан изгледаше многу поширока и навистина го измами Чалханоглу да шутне таму. Потоа брзо се врати во центарот за време на залетот и се фрли онаму каде што посакуваше да шутне Чалханоглу, и маестрално одбрани. Важно е да се истакне дека Мањан веќе одбрани пенал на Пауло Дибала на 2 ноември, со што донесе победа против Рома исто така со 1:0”, рече Маркежани.

Покрај тоа, уште еден интересен момент што го објавија италијанските статистичари е дека четири од последните пет пенали Чалханоглу ги изведе токму на неговата лева страна, што Мањан одлично го знаеше и суптилно му “отвори” врата тоа повторно да го направи.

Италијанските медиуми напоменуваат дека ваквите детали и победи можат да бидат пресудни во борбата за титулата на крајот од сезоната. Милан освои шест бодови во дерби натпреварите против Рома и Интер благодарение на неверојатниот Мањан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на „Олд Трафорд“: Фудбалери на Евертон се судрија меѓусебе – еден од нив доби црвен картон (Видео)

Евертон се соочува со голем проблем на стартот на натпреварот против Манчестер јунајтед, о…