Голден Стејт влезе во ритам и убедливо го победи Портланд, а изненадувањето на вечерта го направи Јута која го победи Сан Антонио.
И покрај стартниот пораз екипата на Голден Стејт е првиот фаворит за титулата во НБА лигата. Вориорс по поразот од Сан Антонио во првиот меч, врзаа три победи, последната во Портланд 127-104.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стеф Кари постигна 28 поени (5/10 за три) на кои придодаде четири скока и три асистенции, Кевин Дурент постигна 20 поени, а изненади Иан Кларк, кој влегувајќи од клупата уфрли 22 поени (8/8 за два).
Јута му го нанесе првиот пораз во сезоната на Сан Антонио победувајќи со 106-91. Џордан Хил имаше учинок од 22 поени и седум асистенции, Родни Худ постигна 19, а Треј Лајлс 15 поени. Кај Спарси најефикасни беа Кавај Ленард (30 поени, 7 скока) и Ламаркус Олдриџ (21 поен).
Резултати:
Кливленд – Хјустон 128:120
Индијана – Лос Анџелес 115:108
Филаделфија – Орландо 101:103
Детроит – Њујорк 102:89
Мајами – Сакраменто 108:96
Минесота – Мемфис 116:80
Њу Орлеанс – Милвоки 113:117
Сан Антонио – Јута 91:106
Портланд – Голден Стејт 104:127