
Карим Адееми може да ја напушти Борусија Дортмунд наредната година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Репрезентативецот на Германија упорно одбива да преговара со Борусија Дортмунд, кои инсистираат на продолжување на соработката и по договорот кој истекува летото 2027.
Германецот летово влегува во последната година од договорот и Борусија ќе биде приморена да го продаде доколку не потпише нов, а засега изгледа дека разделбата е најреална опција.
Интер одамна го контактираше Германецот, но Адееми размислува за Премиер лигата, која му е апсолутен приоритет.
Него го застапува Жорж Мендеш кој е одамна во контакт со други клубови, така што е јасно дека тој е идеален човек да му пронајде идеален тим.
Адееми има 23 години, во Дортмунд стигна од Салцбург летото 2022 за 30.000.000 евра. Досега има одиграно 121 натпревар, со учинок од 29 голови и 22 асистенции.