Дома Фудбал Неверојатен пропуст на Реал Мадрид, сакаа да му одадат почит на Диого Жота, па се обрукаа!

Неверојатен пропуст на Реал Мадрид, сакаа да му одадат почит на Диого Жота, па се обрукаа!

Неверојатен гаф се случи денеска на Реал Мадрид на Генералното собрание на клубското раководство, поради што кралскиот клуб набрзо потоа мораше да објави извинување на официјалната страница.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тие објавија видео кое беше посветено на личности кои починале во текот на оваа година, со намера да му одадат почит на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа летово на северот на Шпанија.

Играчот на Ливерпул и неговиот брат настрадаа во страшна сообраќајна несреќа, која ја шокираше јавноста.

Во Реал сакаа да им изразат почит, но направија неверојатен гаф.

На фотографијата на Жота го додадоа погрешниот Андре Силва. Станува збор за португалскиот напаѓач кој моментално игра за Елче, а интересно е што Реал токму против овој клуб игра вечерва натпревар од Ла Лига.

Тие наместо братот на Жота, ставија фотографија од напаѓачот на Елче, што предизвика шок и многу брзо им беше укажано каков гаф направиле.

Од Реал Мадрид експресно реагираа и објавија извинување за несекојдневната грешка.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…