Дома Фудбал Пол Погба: Не сум завршил со фудбалот

Пол Погба: Не сум завршил со фудбалот

Францускиот фудбалер Пол Погба го коментира своето враќање на теренот по долго отсуство на натпреварот од 13-тото коло на француската Лига 1, во кој неговиот тим загуби од Рен со 1:4.

„Фудбалот не е завршен за мене. Работевме, го чекавме ова враќање повеќе од две години… И покрај сè што се случи, и покрај приказните надвор од фудбалот. Многу страдав и го очекував овој момент со нетрпение”, изјави Погба.

“Има моменти кога ѓаволот се обидува да те убеди дека сè е завршено. Но, има Бог, јас верувам во себе и во моите квалитети. Не сум направил ништо, вината не е моја. Секогаш ја чув надежта“, додаде поранешниот француски репрезентативец.

Погба не играше во официјален натпревар цели 811 дена. Врзувачот подолго време се опоравуваше од повреди, а дуелот против Рен беше неговиот прв со Монако. Последен пат беше на теренот во септември 2023 година, кога одигра 28 минути за Јувентус во средбата со Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓ…