Дома Фудбал Винисиус блиску до договор – наскоро ќе падне потпис!?

Винисиус блиску до договор – наскоро ќе падне потпис!?

Бразилската суперѕвезда Винисиус Жуниор наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, открива шпанскиот “АС”.

Во последно време се шпекулираше дека Винисиус е незадоволен со статусот во клубот и дека би можел да ја напушти Мадрид, но тоа нема да се случи.

Бразилецот ги продолжи преговорите со кралскиот клуб за продолжување на соработката и се очекува наскоро да го стави потписот на новиот договор.

Винисиус има договор со Реал до јуни 2027 година, а моментално заработува 15 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…