Дома Фудбал (Видео) Гвардиола ги загуби нервите: Фудбалскиот свет изненаден поради тоа што го направи Пеп по натпреварот

(Видео) Гвардиола ги загуби нервите: Фудбалскиот свет изненаден поради тоа што го направи Пеп по натпреварот

Њукасл и Манчестер Сити играа синоќа на стадионот „Сент Џејмс“ дерби од 12-то коло на Премиер лигата, а на крајот домаќините победија со 2:1. Сепак, главната тема во јавноста беше Пеп Гвардиола кој целосно ги загуби нервите кога судијата го означи крајот на натпреварот.

Во „Сент Џејмс Парк“ сведочевме на одличен дуел помеѓу Њукасл и Манчестер Сити во кој на крајот домаќинскиот тим победи со 2:1.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Херојот на Њукасл беше Харви Барнс кој ги постигна двата гола, додека единствениот стрелец за гостите од „Етихад“ беше Рубен Дијас.

Драмата продолжи и откако судијата го означи крајот на натпреварот, а во центарот на вниманието беше Пеп Гвардиола кој не можеше да се помири со некои одлуки на судијата.

Гвардиола веднаш по завршувањето на натпреварот отиде до судијата за да му порача дека не се согласува со одредени негови одлуки и дека верува оти Манчестер Сити бил оштетен во синоќешното дерби.

Сепак, шпанскиот тренер не застана тука и дури вербално се пресмета со некои од играчите на Њукасл.

Најпрво тоа го направи со Жоелинтон, кого домаќините едвај успеаја да го смират, но Гвардиола не застана тука.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус блиску до договор – наскоро ќе падне потпис!?

Бразилската суперѕвезда Винисиус Жуниор наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, отк…