Дома Фудбал Гринвуд игра во страшна форма, влезе во елитно друштво – им се придружи на Кејн, Халанд и Мбапе!

Гринвуд игра во страшна форма, влезе во елитно друштво – им се придружи на Кејн, Халанд и Мбапе!

Мејсон Гринвуд игра сезоната од соништата.

Англичанецот постигна нови два гола во победата на Олимпик Марсеј против Ница (1:5) и на тој начин стана водечки стрелец во Лига 1 со 10 голови, а има и три асистенции.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Интересно е што Гринвуд е единствениот фудбалер кој има над 10 голови и асистенции во „лигите на петицата“ од почетокот на сезоната. Покрај него, 10 или повеќе голови и асистенции вкупно имаат само уште Хари Кејн (13+3), Ерлинг Халанд (14+1) и Килијан Мбапе (13+2).

Инаку, Марсеј го купи Гринвуд од Манчестер Јунајтед летото 2024 година за 24.000.000 евра.

Ако продолжи со вакво темпо, нема сомнение дека следното лето ќе биде многу посакуван играч, иако е со силен договор обврзан за Олимпик до летото 2029 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски сака да остане во Барселона, но се појави еден клуб за кој можеби ќе размисли!

Сè уште не е јасно каква ќе биде иднината на Роберт Левандовски, но според моменталните ин…