Дома Фудбал На повидок изненадување, Рудигер може да се врати во Премиер лигата

На повидок изненадување, Рудигер може да се врати во Премиер лигата

Антонио Ридигер ќе биде еден од искусните фудбалери кои наредното лето ќе имаат слобода да избираат нов клуб како слободен агент.

Иако се шпекулира дека Реал Мадрид сè уште не ги затворил вратите за преговори со него, шансите се мали дека Ридигер ќе го продолжи договорот. Германецот пристигна во 2022 година како слободен агент откако му заврши договорот со Челси, а во јуни ќе има можност повторно да избере клуб.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Некои извори пренесуваат дека Ридигер добил атрактивни понуди од Саудиска Арабија, но истовремено добива и контакти од Премиер лигата. Не е јасно кои клубови се заинтересирани, но се шпекулира дека дури и Челси покажува интерес да го врати како искусен играч, слично на ангажманот на Тијаго Силва.

Во моментов, Ридигер е концентриран на своето враќање на терените и се очекува повторно да игра од декември откако се оперираше на задната ложа минатата сезона. По неколкумесечна пауза, му треба време за целосно опоравување, но целта му е да се врати во форма и да се наметне кај Јулијан Нагелсман за Светското првенство во 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го „заврши“ првиот летен трансфер за 52.000.000 евра

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде „зелено светло“ за активирање на клаузулата со ко…