
Сè уште не е јасно каква ќе биде иднината на Роберт Левандовски, но според моменталните информации, најверојатно по завршувањето на оваа сезона ќе ја напушти Барселона. Полскиот голгетер веќе доби и официјална понуда од клуб кој го изрази интересот.
Левандовски има договор со Барселона до крајот на тековната сезона, со можност Каталонците да го продолжат за уште една година. Сепак, се шпекулира дека клубот ќе се стреми да доведе помлад напаѓач.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Полјакот има големата желба кариерата да ја заврши во Барселона. Некои извори тврдеа дека во случај на непотпишување на нов договор, би размислувал за пензија на крајот на сезонава.
Сепак, Лева ги демантираше овие тврдења и изјави дека не планира пензија, иако најголемата желба му е да остане кај Каталонците.
Тој е подготвен да биде и резервна опција во нападот следната сезона, бидејќи Барселона е заинтересирана за Хари Кејн или Џулијан Алварез в година.
Сепак, според шпанските медиуми, останувањето на Левандовски е малку веројатно, бидејќи неговото заминување би ослободило значителен буџет кој ќе им помогне во ангажирање на нов напаѓач.
Поради тоа, се зголемуваат шпекулациите за неговото можно заминување, а тој веќе има предлог од друг клуб.
Се појави информација дека турскиот гигант Фенербахче е заинтересиран за Левандовски, а медиумите во Турција известија дека управата на клубот официјално го контактирала Полјакот.
🟡🔵Fenerbahçe, Barcelona’nın dünyaca ünlü golcüsü Robert Lewandowski ile ilk sıcak teması kurdu.
— Spor Arena (@sporarena) November 22, 2025
🏆Ülkesi Polonya ile kariyerinin son Dünya Kupası heyecanını yaşamak isteyen ünlü golcünün yaz ayına kadar sürekli oynayabileceği bir takıma gitmek istediği biliniyor.
👋Devre… pic.twitter.com/KBSjUU3Wvu
Фенер успеал да воспостави прв официјален контакт со Левандовски и неговиот агент, а од Истанбул му нагласиле колку го посакуваат во нивниот клуб.
Тие му понудиле двегодишен договор со можност за продолжување и двојно поголема плата од актуелната во Барселона.
Во Фенербахче планираат да направат промени во играчкиот состав и да отстапат место за нова ѕвезда, при што Левандовски е приоритет.
Преговорите со Левандовски наводно биле многу позитивни, што влева оптимизам помеѓу челниците на Фенер за неговото евентуално доаѓање следното лето.
И покрај тоа, тој јасно им дал до знаење дека Барселона има предност пред сите други клубови и ќе ја чека нивната одлука за нов договор до последен момент.
Како и да е, нè чека уште едно возбудливо лето кога станува збор за Барселона.