Дома Фудбал Погба е уште поблиску до целта

Погба е уште поблиску до целта

Фудбалерот на Монако Пол Погба е чекор поблиску до долгоочекуваното враќање на теренот, откако е вклучен во тимот на за утрешниот натпревар со Рен.

32-годишниот Французин се приклучи на тимот од кнежеството летово како слободен агент, по издржувањето на суспензијата од 19 месеци поради допинг. Санкцијата првично беше од четири години, но беше намалена од Спортскиот арбитражен суд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Погба се подготвуваше да дебитира уште во мечот со Ланс на 8 ноември, но повреда на зглобот во последен момент го одложи неговото враќање. Неговиот последен официјален натпревар беше во септември 2023 година кога во тимот на Јувентус настапи против Емполи.

„Се обидуваме да му помогнеме да достигне до својот целосен потенцијал, за тимот да има корист од тоа. Пол има квалитети да се адаптира на тоа што сакаме да го имплементираме во средниот ред – не ја изгуби визијата или техниката. Тој ќе придонесе и со своето искуство и лидерски способности, како на теренот така и надвор од него”, изјави тренерот на Монако Себастијан Покоњоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија…