Дома Македонски спорт Мак ракомет Нов пораз за Металурзите во СЕХА: Мешков Брест доминантен на домашен терен

Нов пораз за Металурзите во СЕХА: Мешков Брест доминантен на домашен терен

Металург запиша нов пораз во рамки на регионалната СЕХА лига на гостувањето кај Мешков Брест со 35:30.

Металург во првото полувреме беше одличен противник, но вториот дел се покажа како поповолен за домаќините.

По максималните 4 негатива кои ги имаше Металург во првиот дел, сепак тимот од Автокоманда на неколкупати се враќаше, па на полувремето заминаа само со 1 гол негатива, односно 18:17.

Контролата на мечот несомнено во вторите 30 минути ја имаше Мешков Брест кој создаваше разлика. По максималните осум гола предност, сепак на крајот домаќинот славеше со 5 погодоци, односно 35:30.

Во таборот на Металурзите најпрецизен беше Кузмановски со постигнати осум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…