Дома Фудбал Манчестер јунајтед сака да се засили од Саудиска Арабија

Манчестер јунајтед сака да се засили од Саудиска Арабија

Манчестер јунајтед повторно ја отвори својата трансфер мисија кон Блискиот Исток, откако се појавија нови информации за можноста за доаѓање на Рубен Невес од саудискиот Ал Хилал.

Португалскиот играч од средината веќе долго време привлекува интерес од европските гиганти, но овој пат се чини дека “Црвените Ѓаволи” се особено мотивирани да ја завршат работата што побрзо.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Саудискиот прволигаш Ал Хилал е еден од најбогатите клубови во светот, но според актуелните информации, подготвени се да разгледаат понуда од околу 18 милиони фунти. За многу луѓе оваа цена е изненадувачки поволна, особено ако се знае дека многу елитни играчи во Саудиска Арабија се проценети значително повисоко.

Јунајтед последниве месеци разгледуваше повеќе опции за освежување на средниот ред, но повеќето од спомнатите имиња имаа значително повисока цена. Поради тоа, потенцијалниот трансфер на Невес претставува финансиски прифатливо и спортски многу вредно решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …