Дома Кошарка Удар врз династијата Џејмс: Брони се враќа во развојната лига

Удар врз династијата Џејмс: Брони се враќа во развојната лига

Брони Џејмс, играч на Лос Анџелес Лејкерс и син на Леброн Џејмс, е испратен во Саут Беј Лејкерс, развојната филијала на славната франшиза.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако неговиот татко Леброн ја започна својата 23-та сезона во НБА лигата, со што стана рекордер по бројот на одиграни сезони во историјата. Брони, кој неодамна наполни 21 година, се враќа во натпреварувањето кое добро го познава од минатата сезона.

Брони дебитираше во НБА лигата на 22 октомври 2024 година во првиот натпревар на сезоната против Минесота Тимбервулвс. Играше само три минути, но и тоа беше доволно за да влезе во историјата заедно со неговиот татко како прв пар татко и син кои го делеа паркетот на една НБА утакмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…