
Бирмингем Сити ги објави амбициозните планови за изградба на нов суперстадион со вредност од 1,36 милијарди евра, а претседателот на клубот, Том Вагнер, ја претстави сензационалната идеја за можен камбeк на Џуд Белингем, актуелната ѕвезда на Реал Мадрид и англиската репрезентација.
Вагнер верува дека новиот стадион со капацитет од 62.000 места ќе го издигне клубот, кој во моментов се натпреварува во Чемпионшип лигата, на врвот на светскиот фудбал. Стадионот, кој ќе го носи името Пауерхоус Стадион и од кој се очекува да биде потпишан договор за име, треба да биде отворен во 2030 година. Џуд Белингем потекнува од Бирмингем, го напушти во 2017 година и замина во Борусија Дортмунд, а денес е една од најголемите светски фудбалски ѕвезди.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Вагнер откри како го убедил Белингем да учествува во промотивни видеа за новиот стадион и го изрази своето восхитување за младиот играч средниот ред.
“Мислам дека Џуд е најголемиот играч на планетата денес и сè уште не сме виделе ниту блиска верзија на неговиот целосен потенцијал. Тој не е само играч, туку и она што може да го направи за заедницата, како лидер. Ако можеме да му дадеме платформа за да го достигне својот целосен потенцијал, тоа е извонредна приказна. Тоа е извонредна приказна за Бирмингем, Англија и враќање дома”, изјави Вагнер.
Амбиции без граници
Кога Белингем го напушти Бирмингем, имаше само 17 години и помина само една сезона во Чемпионшипот. Неговиот влијание беше толку големо што клубот го пензионираше дресот со број 22 што го носеше. Во тоа време, никој не можеше ниту да си замисли дека еден ден повторно ќе го облече.
Со преземањето на клубот од страна на групацијата Најтхед со поддршка на NFL иконата Том Брејди, амбициите на клубот значително пораснаа. Вагнер е убеден дека е само прашање на време кога Бирмингем ќе игра во Премиер лигата, иако моментално се на 11-то место на табелата по 15 одиграни кола.
Презентацијата на новиот стадион се одржа во студијата на Дигбет Лок во центарот на Бирмингем, продукциски центар познат по хит серијата “Пики Блајндрс”, чиј креатор Стивен Најт беше една од клучните фигури зад стадионската идеја. Вагнер додаде дека оваа промена “засекогаш ќе го трансформира градот” и дека комплексот ќе функционира 365 дена во годината.
The Birmingham City Powerhouse.
— Birmingham City FC (@BCFC) 20 ноември 2025
A stadium that draws upon the proud heritage of the West Midlands – a heritage of industry, ingenuity and growth. pic.twitter.com/P0cnmZ0TJM
Стадионот е дел од поширок Спортски кварт чија вредност се проценува на 2,8 до 3,4 милијарди евра, кој ќе вклучува живеалишта, продавници, канцеларии, хотели и други забавни содржини. “Градот и клубот ги поставуваме на траекторија кон величина. Ќе биде место каде што најдобрите во светот ќе сакаат да настапуваат”, заклучи Вагнер.