Дома Фудбал ДРАМА ВО МИЛАНО: Дали Интер ќе остане без својот најдобар стрелец среде сезона?!

ДРАМА ВО МИЛАНО: Дали Интер ќе остане без својот најдобар стрелец среде сезона?!

Галатасарај не се откажува од Хакан Чалханоглу! Откако летниот трансфер пропадна поради превисоката цена, турскиот шампион подготвува нов напад.

Турскиот гигант е во постојан контакт со 31-годишниот играч, кој сè повеќе ја покажува желбата да се врати во саканиот Истанбул. Галатасарај планира понуда од околу 15 милиони евра. Иако цената на Интер е повисока, турскиот гигант верува дека постои шанса за договор. Но, Интер се наоѓа во голема дилема – Чалханоглу е нивниот моментален најдобар стрелец во Серија А, а неговото заминување би можело сериозно да го разниша тимот во клучен дел од сезоната.

Драмата е тука, но Галатасарај останува упорен. Дали љубовта кон Истанбул ќе победи или италијанскиот гигант ќе ја задржи својата ѕвезда?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирџил ван Дајк заминува во Милан во 2027 година

Според италијански извори, Вирџил ван Дајк планира да се пресели во Милан во 2027 година, …