Дома Топ вести Погба со еден пост на Инстаграм ги фрли навивачите на Јунајтед во „екстаза“

Погба со еден пост на Инстаграм ги фрли навивачите на Јунајтед во „екстаза“

Во текот на летниот трансфер период, играчот на Манчестер Јунајтед Пол Погба призна дека „Агент П“ никогаш не спие. И не лажеше.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уште од кога го убеди Лукаку да се пресели на „Олд Трафорд“, играчот го доби прекарот „Агент П“ – човек кој ги завршува трансферите.

Погба е виден како разговара со Нејмар во текот на минатата сезона и социјалните мрежи експлодираа, бидејќи Французинот наводно се обидел да го убеди Бразилецот да се пресели во Англија. Но, како што знаеме, Нејмар се одлучи за ПСЖ.

Изгледа дека сега „Агент П“ се врати во акција, откако својата фраза ја употреби во последниот пост на Инстаграм. Погба му испрати на напаѓачот на Јувентус и својот поранешен соиграч, Паоло Диабала „специјална“ роденденска порака.

„Среќен роденден, брат“, напиша Погба со хаштаг „AgentP“.

Се разбира, ова веднаш ги развесели навивачите на Манчестер Јунајтед, кои сега се надеваат дека Аргентинецот ќе потпише за нивниот клуб.

 

Feliz comple a mi hermano (El Crak)!! @paulodybala #AgentP

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…