Дома Останати Кошарка Кога ова ќе го каже Леброн Џејмс, тогаш е навистина важно: Новата изјава за Лука Дончиќ стана вирална

Кога ова ќе го каже Леброн Џејмс, тогаш е навистина важно: Новата изјава за Лука Дончиќ стана вирална

Леброн Џејмс го заврши својот прв натпревар во сезоната со 11 поени и 12 асистенции во првиот меч од неговата веќе рекордна, 23-та НБА сезона.

Од друга страна, Лука Дончиќ блескаше со 37 поени и 10 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс против Јута Џез, 140:126.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако рефлекторите по натпреварот беа вперени во Леброн, за кого ова беше прв натпревар сезонава, легендарниот 40-годишник вешто ги пренасочи кон Лука, нарекувајќи го еден од главните кандидати за МВП оваа сезона.

Леброн започна со пофалби за словенечкиот кошаркар, и не можеше да „престане“.

„Кога имаш играч од калибар на МВП, како што е Лука, кој годинава прави тоа што прави, тогаш јас немам притисок да морам офанзивно да доминирам додека тој игра на тоа ниво“, започна Џејмс и продолжи:

„Кога Лука го прави тоа што го прави во пик-енд-ролот, кога привлекува толку многу играчи околу себе, јас можам малку да се повлечам, да чекам топката да кружи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нено имаше одлично деби за Баерн: Ова е асистенцијата со која ги воодушеви Германците! (Видео)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ вчера дебитираше во дресот на Баерн Минхен…