Дома Фудбал Детали за ноќното излегување на Ламин Јамал: „Девојки, сè е платено“

Детали за ноќното излегување на Ламин Јамал: „Девојки, сè е платено“

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал (18), стана централна тема во медиумите поради своето ноќно излегување минатиот четврток. Информации за неговата забава со пријателите и девојките во посебен дел од една позната дискотека во Барцелона стигнаа и до шпанските медиуми, кои тврдат дека не се случило ништо скандалозно.

Новинарот Емилио Перез де Розас објави детали за оваа забава на Јамал. Младиот напаѓач ги искористи деновите без клупски обврски за да се релаксира со пријателите. Според информациите, Јамал изнајмил приватен простор за себе и своето друштво. Поради желбата за дискреција, гостите на влезот беа замолени да ги остават своите мобилни телефони.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Еден од вработените во клубот подоцна откри дека влезот беше дозволен само за девојки. „Девојки, сè е платено“ е изјавата која Ел Национал ја користи во насловот на нивниот текст за вечерта на Јамал. Иако некои се згрозуваат што играч кој се опоравува од повреда излегува, деталите од вечерта не укажуваат на никаков скандал.

Сведоците тврдат дека сè поминало најдобро, а забавата траела до пет часот наутро. Извори наведуваат дека Јамал бил пристоен, не консумирал алкохол и само седел и уживал во музиката.

Бисерот на Барса моментално се опоравува откако му беше извршен третман за болки во стомакот. Минатата сезона беше најдобриот асистент во Ла Лига со 15 додавања за гол. Вкупниот негов ефект во сезоната 2024/25 за Барселона беше 18 голови и 25 асистенции во 55 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три и пол месеци му беа потребни на Нејмар за гол – веднаш прослави со танц (Видео)

Нејмар го прекина долгиот период без постигнат гол кој траеше три и пол месеци. Точно 107 …