
Германскиот фудбалски репрезентативец и играч на Борусија Дортмунд, Карим Адeјеми (23) се извини на клубот и репрезентацијата откако беше осуден поради обид за нелегално поседување на оружје.
Адeјеми на почетокот на минатата година преку интернет нарача таканаречена „мистериозна кутија“, која содржеше предмети забранети според законот за оружје. Неколку месеци подоцна пакетот беше доставен, но заврши на полициската станица.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Билд откри пред неколку дена дека против германскиот репрезентативец е издаден налог за казнување поради нелегално поседување на оружје, а државниот обвинител го казни Адeјеми со 450.000 евра.
Најверојатно во пакетот имало боксер и електрошокер, кои се забранети без службена дозвола. За сето ова самиот играч се огласи преку социјалните мрежи и се извини на клубот и репрезентацијата.
„Сигурно сте виделе вести за мене последниве неколку дена. Тешко ми е да зборувам за ова. На почетокот од 2024 година, од невнимание и без сериозно размислување, нарачав преку интернет таканаречена ‘мистериозна кутија’. Таа содржеше предмети кои не се дозволени според законот за оружје. Тоа беше моја голема грешка за која многу жалам, која многу ме чинеше и за која длабоко се каам. Знам дека сум јавна личност и пример за децата, затоа уште повеќе ме боли што се однесував така невнимателно“, напиша Адeјеми.
Во соработка со својот клуб и Германскиот фудбалски сојуз, 23-годишникот ќе учествува во општествен проект во Дортмунд и ќе организира заеднички тренинзи со децата.