Дома Останати Тенис (Видео) Грците може „вода да му носат“: Ѓоковиќ заигра познат танц и ги воодушеви сите

(Видео) Грците може „вода да му носат“: Ѓоковиќ заигра познат танц и ги воодушеви сите

Српскиот тенисер, воедно и најголемиот на сите времиња во овој спорт, Новак Ѓоковиќ се прилично одомаќил во Грција каде што неодамна учествуваше и освои турнир во Атина, со што стигна до својата 101. титула во кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новак Ѓоковиќ веќе некое време е во Грција, а одлично му прилега оваа земја, што го покажува секој ден. Овој пат Ѓоковиќ покажа дека поседува многу повеќе таленти од самиот тенис, бидејќи покажа дека е исклучително добар во танцот.

Тој во Грција танцуваше со познатата ѕвезда Константинос Аргирос, кој неодамна настапуваше и во Белград.

Ѓоковиќ го играше познатиот сиртаки, кој често се нарекува и „Танцот на Зорба Гркот“, а датира уште од 1964 година.

Ноле танцуваше со Константинос, а пејач му порача дека е вистинска легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави каде ќе игра следниот турнир (Видео)

Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на претстојниот Мастерс во Синсинати. Како ПАМЕТНО да типу…