Дома Фудбал Во Велс не го кријат задоволството: Докажавме дека сме многу подобри од Македонија!

Во Велс не го кријат задоволството: Докажавме дека сме многу подобри од Македонија!

Македонската репрезентација доживеа вистински фијаско на гостувањето во Велс, загубувајќи со убедливи 7-1. Еден од стрелците, Бренан Џонсон, по мечот не ја криеше радоста од високата победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домашниот состав уште од првиот свиреж го наметна темпото и рутински ги претвори шансите во голови.

„Навистина одлично издание. Мислам дека вечерва покажавме зошто се бориме за Светско првенство, посебно бевме ефикасни во нападот. На хартија натпреварот требаше да биде тежок, Македонија имаше што да игра. Но, ние покажавме дека, поединечно и колективно во овој момент сме многу подобри од нив. Дефинитивно за нас ова е еден од нашите најдобри натпревари, навистина уживав на теренот беше задоволство да се игра со момците“, изјави Џонсон.

Овој тежок пораз значи и дека Македонија во следната фаза ќе ги добие најсилните можни противници од првиот шешир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…