Дома Фудбал Алварез заминува? Од Атлетико стигна јасен одговор

Алварез заминува? Од Атлетико стигна јасен одговор

Хулијан Алварез ќе остане во Атлетико Мадрид и следната сезона, потврди претседателот на клубот Енрике Серезо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако медиумите во изминатите месеци пишуваа дека Барселона мечтае за Аргентинецот, првиот човек на Атлетико тврди дека нема да дозволи да си замине.

“Хулијан Алварез е играч на Атлетико и ќе остане играч на Атлетико, немам никакви сомнежи во тоа”, изјави Серезо.

Инаку, некои извори од Аргентина тврдат дека Барселона е детскиот сон на Алварез, поради неговиот идол Лионел Меси, но тешко дека лесно ќе го реализира.

Атлетико платиле 90.000.000 евра за Алварез, вклучувајќи бонуси, затоа нема да дозволат најдобриот играч да премине во редовите на големиот ривал.

Алварез оваа сезона постигна девет гола и забележа четири асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо: Салах потпишува на 2 август за клуб кој ретко кој го очекуваше?

Фудбалскиот свет го потресе веста која во петок дојде од Турција. Според кажувањата на там…