Дома Фудбал Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од најсериозните, но сепак тој ќе отсуствува од игра најмалку уште еден месец, известува “Sky Sport”.

Како што е познато, Шешко ја доби оваа повреда за време на ремито 2:2 со Тотенхем непосредно пред паузата поради меѓународните обврски, но досега не беше јасно колку долго ќе трае неговото закрепнување.

Според најновите информации, Словенецот ќе пропушти најмалку шест натпревари на “црвените ѓаволи”, и тоа оние против Евертон, Кристал Палас, Вест Хем, Вулверхемптон, Борнмут и Астон Вила. Целта на 22-годишниот фудбалер е да се врати во игра за домашниот натпревар против Њукасл на Боксинг Деј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…