Дома Фудбал Ѓоковиќ го задржа четвртото место на АТП листата, Алкараз ја заврши сезоната на првата позиција

Ѓоковиќ го задржа четвртото место на АТП листата, Алкараз ја заврши сезоната на првата позиција

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа четвртото место на денес објавената АТП листа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ одлучи да не учествува на Завршниот АТП турнир во Торино и сезоната ја заврши како четврти тенисер во светот со 4.830 поени.

Сезоната на првата позиција на АТП листата ја заврши Шпанецот Карлос Алкараз со 12.050 поени, 550 повеќе од второпласираниот Италијан Јаник Синер, од кој изгуби во финалето на завршниот турнир во Торино.

Трет е се уште Германецот Александер Зверев со 5.160 поени.

Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим се искачи од осмото на петото место по влегувањето во полуфиналето на турнирот во Торино, достигнувајќи го најдобриот свој пласман во кариерата. Американецот Бен Шелтон падна од петото на деветтото место, додека Италијанецот Лоренцо Музети напредуваше за едно место и сега е осмиот тенисер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) „Комити“ вечерва го обоија Скопје во црвено-црно

Навивачката група „Комити“ вечерва го обоија главниот град на Македонија во црвено-црна бо…