Дома Фудбал Toтенхем ќе плати 60 милиони евра за Јапонецот кој Барса и Реал не го сакаа?

Toтенхем ќе плати 60 милиони евра за Јапонецот кој Барса и Реал не го сакаа?

Тотенхем повторно го сврте вниманието кон крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, објави шпански Ас.

Кубо има откупна клаузула од 60.000.000 евра, и покрај тоа што оваа сума не претставува пречка за лондонскиот клуб, сè уште нема конкретни знаци дека се подготвува понуда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интерес за јапонскиот репрезентативец покажаа и Арсенал и Атлетико Мадрид, но мадридскиот тим не се подготвува да ја активира клаузулата, што може да биде во корист на Тотенхем.

Покрај Кубо, Спарсите го следат и Магнес Акилуза од Монако, бидејќи тренерот Томас Франк инсистира на доведување замена за Хунг Мин Сон.

Наводно, клубот сака и играч кој би можел да донесе комерцијални предности на азискиот пазар, а Кубо совршено се вклопува во таквите планови.

Јапонецот помина четири години во младинските категории на Барселона, а во сениорската кариера беше дел и од Реал Мадрид, но не доби вистинска шанса во ниту еден од двата големи шпански клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…