Дома Фудбал Останато Oва ниту Кабиб не го направи: Ислам Макачев освои нов појас во УФЦ!

Oва ниту Кабиб не го направи: Ислам Макачев освои нов појас во УФЦ!

Дагестанецот Ислам Махачев го продолжи својот победнички пат во УФЦ, станувајќи повторно шампион, овој пат во друга категорија.

По успешното освојување на титулата во лесната категорија (до 70 кг), Махачев се одлучи за нов предизвик во велтер категоријата (до 77 кг). Утрово во борбата за шампионската титула, тој целосно го надмина Џек Дела Мадалена.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Влегувајќи во мечот како фаворит, Махачев иако се бореше во домашната категорија на Мадалена, оствари импресивна 16-та последователна победа, со што го освои шампионскиот појас.

Со ова, Махачев го прекина победничкиот низ на Мадалена од 18 победи и доминираше во сите пет рунди, освојувајќи ја победата со едногласна одлука на судиите. Сите пет судии го бодуваа мечот со резултат 50-45 во корист на Дагестанецот.

Оваа победа го става Махачев на исто рамниште со легендарниот Андерсон Силва, бидејќи и двајцата сега имаат по 16 последователни победи во УФЦ. Махачев ќе има можност да го надмине овој рекорд во следната борба.

Покрај ова, Ислам стана 11-тиот борец во историјата што ја освоил УФЦ титулата во две различни тежински категории. Во текот на својата кариера, тој беше познат и како рекордер во бројот на одбрани на титулата во лесната категорија (4), а сега дополнително ја збогати својата оставина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Нова снимка од масовната тепачка меѓу тимот на Мекгрегор и Дагестанците

Пред да започне главната борба на УФЦ 322 настанот се случи голем инцидент, кога се судриј…