Дома Фудбал Фудбалер во Израел суспендиран на 99 години, и ова не е прв пат!

Фудбалер во Израел суспендиран на 99 години, и ова не е прв пат!

Необични вести од Израел: 17-годишен фудбалер на локалниот младински тим „Ирмијагу Холон“ е суспендиран на 99 години поради претепување противник во соблекувалната по натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е веќе втор случај во последната година и пол каде дисциплинскиот суд на Израел применува толку строга мерка.

Инцидентот се случил по натпреварот на младинските екипи, кога тинејџерот нападнал еден од противниците.

На интернет се појави снимка од тепачката, по што „Ирмијагу Холон“ го исфрли прекршителот од тимот. Дисциплинскиот суд на Фудбалската асоцијација на Израел презеде уште построг став, забрана до 2124 година.

Според овие извештаи, судијата Ноам Љовин во пресудата нагласил дека играчот веќе имал дисциплинска казна поради тепачка пред една година и дека добил „втора шанса“, но не се поправил.

„Бидејќи го направил тоа што го направил, не можам да замислам околност под која би добил друга шанса. Затоа го исклучувам засекогаш од фудбалот“, изјавил судијата.

Покрај суспензијата до ноември 2124 година, фудбалерот е казнет и со 2.500 шекелот (околу 663 евра). Неговиот тим, исто така, доби парична казна и условно одземање на поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА се радува на одлуката на ФИФА и најавува офанзива без милост

Како што се очекуваше, по изјавата на Инфантино дека се откажува од продажба на дел од Све…