Дома Фудбал Левандовски се уште не решил за својата иднина

Левандовски се уште не решил за својата иднина

Роберт Левандовски изјави дека не знае каде ќе игра следната сезона. 37-годишниот напаѓач на Барселона има договор со каталонците до летото на 2026 година. Поради тоа почнаа шпекулации во врска со неговата иднина. Според запознаените, тој нема намера да го напушти “Камп Ноу” во јануари и нема план да ја заврши својата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Смирен сум. Не знам каде ќе бидам и што сакам да правам за неколку месеци. Наскоро ќе бидам подготвен да одлучам по кој пат да продолжам и ќе видам какви се можностите. Не е неопходно да решам нешто сега и не брзам,” изјави Левандовски пред полска телевизија.

“По толку години на највисоко ниво под тензија и со очекувања, понекогаш ми требаа надворешни стимули. Требаше да се соочам со нови емоции. Со времето стекнав нов поглед на многу нешта. Кариерата ми се приближува кон завршување, но додека играм, сакам максимално да го искористам времето, не само во спортска смисла, туку и емотивно. Сакам да уживам во моментот,” додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА се радува на одлуката на ФИФА и најавува офанзива без милост

Како што се очекуваше, по изјавата на Инфантино дека се откажува од продажба на дел од Све…