Дома Фудбал Алонсо подготвен да се откаже од Родриго и Винисиус за да ја донесе ѕвездата од Серија А!

Алонсо подготвен да се откаже од Родриго и Винисиус за да ја донесе ѕвездата од Серија А!

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, изрази јасна желба за ново засилување во јануари.

Шпанскиот стручњак му соопшти на претседателот на клубот, Флорентино Перез, дека е подготвен да се откаже од Родриго и Винисиус за да ја донесе во тимот ѕвездата од Серија А.

Кенан Јилдиз игра фантастично за Јувентус оваа сезона, но преговорите околу новиот договор влегоа во ќорсокак.

Турчинот заработува 1,5 милиони евра, а сака да прима шест милиони годишно, додека Јувентус нуди помалку од пет милиони евра.

Јилдиз смета дека треба да има плата барем како Бремер (шест милиони), и многу веројатно е дека “старата дама” нема да одбие понуда од 100 милиони евра колку што е Реал Мадрид подготвен да плати за неговото обештетување.

Управата на “старата дама” има намера да ги намали трошоците кога станува збор за платите на играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов шок за ѕвездата на Барселона: Со солзи го напушти теренот поради повреда (Видео)

Барселона со победа од 3:1 во Севиља го продолжи својот совршен старт на сезоната, но натп…