Дома Фудбал Taлентот на Арсенал скока пет генерации во репрезентацијата!

Taлентот на Арсенал скока пет генерации во репрезентацијата!

Макс Доуман, 15-годишен талент од Арсенал, се наоѓа на праг да ги надмине петте возрасни генерации во рамките на англиската репрезентација. Иако според возраста му припаѓа на селекцијата У16, тој заедно со надарениот играч на Манчестер Јунајтед, Шеја Лејси (18), привлече внимание на селекторот на репрезентацијата У-21, Ли Карсли, објави Goal.com.

Во северен Лондон, Доуман веќе долго време го има привлечено вниманието, и неговиот огромен потенцијал е препознаен и на домашната и на меѓународната сцена. Тој се запиша во историјата како најмлад стрелец на гол во младинската Лига на УЕФА со само 14 години, како и најмлад играч во Премиер лигата 2.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во август оваа година, тој стана втор најмлад дебитант во историјата на Арсенал, веднаш зад Етан Нванери, кога на 15 години и 235 дена играше против Лидс и асистираше за гол. Веќе забележа настап во Лигата на шампионите. Младиот средношколец ќе го прослави својот 16. роденден на Нова година.

Иако веќе играше за селекциите У-17 и У-19, надминувајќи генерации, Доуман наскоро би можел да се најде и во тимот У-21. Ова го потврди и самиот селектор Ли Карсли.

“Тој е играч кој го следиме. Понекогаш мораме брзо да го развиваме таквиот талент поради предизвиците со кои се соочуваат во своите клубови. Важно е да имаме на ум колку е Макс млад и целосно сме свесни за него. Добиваме сите повратни информации од кампувите каде што игра. Дефинитивно ќе ја добие својата шанса во репрезентацијата У-21”, изјави Карсли.

Доуман веќе ги почувствува возбудувањата од играњето во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Се очекува дека по Светското првенство следното лето би можело да дојде до смена на генерации во сениорската репрезентација на Англија, а играчи како Доуман и Лацеј би можеле да станат сериозни кандидати за составот на “Трите лавови” пред Европското првенство во 2028 година, кога покровител ќе биде токму Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо подготвен да се откаже од Родриго и Винисиус за да ја донесе ѕвездата од Серија А!

Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, изрази јасна желба за ново засилување во јануари. Шп…