
Разврската на квалификациската група К за Светското првенство се одигра во претпоследното коло. Англија на Вембли беше домаќин на Србија, додека Албанија играше на гости кај Андора. Во случај на пораз за Србија и победа за Албанија, Србија би се нашла без шанси за учество на Светското првенство следната година.
Англија веќе го обезбеди првото место и директниот пласман на Светското првенство. На својот терен против Србија успеа да поведе во 28. минута. Албанците својот гол кај Андора го дочекаа во 67. минута, кога Кристијан Аслајни по одлична акција и убаво додавање од Мирт Узунј, поранешен ас на Локомотива, ефектно постигна гол за 1:0. Голот можете да го видите ОВДЕ.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Со тоа ја донесе својата репрезентација до дополнителните квалификации, а Србија официјално ја исфрли од трката за Светското првенство бидејќи коло пред крајот Албанија има четири бодови повеќе од Србија. Ова за Србите е посебно болно бидејќи Албанците се нивни најголеми и најомразени ривали, а веќе претходниот месец ги победија 1:0 во Лесковац, што навести ваков расплет на групата.