
Играчот за врска на Наполи Андре-Франк Замбо Ангиса доби сериозна повреда и ќе биде надвор од терените два до три месеци. Првично се појавија информации дека повредата на камерунецот не е сериозна, но од клубот известија дека играчот го скинал бутниот мускул
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Замбо Ангиса ја добил мускулната повреда за време на кампот на националниот тим на Камерун и се врати во Неапол за дополнителни тестирања. Неговата повреда е слична на онаа на неговите соиграчи во Наполи, Кевин Де Бројне и Ромелу Лукаку, кои исто така се повредени неколку месеци.
Камерунецот ќе наполни 30 години в недела и е клучна фигура за Наполи оваа сезона, со четири постигнати голови и две асистенции во 15 натпревари меѓу Серија А и Лигата на шампионите. Тој дури беше избран за Играч на месецот во италијанската елита за октомври.