Дома Останати Ракомет Видео од најдобрите моменти: Како силниот ПИК Сегед „изгоре“ во битолскиот „вулкан“!

Видео од најдобрите моменти: Како силниот ПИК Сегед „изгоре“ во битолскиот „вулкан“!

Ракометарите на Пелистер приредија уште една незаборавна вечер во Битола и вчера пред домашнаата публика го совладаа унгарски ПИК Сегед со 25-24 во драматичен натпревар кој им ја донесе втората победа сезонава во Лигата на шампионите.

Битолчани мечот го започнаа фуриозно со цврста и организирана одбрана и блескави одбрани на Митревски и Хеирдад, за водство од 5-0 уште во првите минути. Гостите од Сегед првиот погодок го постигнаа дури во десеттата минута, а македонскиот првак цело полувреме доминираше во дефанзивата, оставајќи го реномираниот противник на само осум гола по првите 30 минути (11-8).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во вториот дел, Унгарците успеаја да се вратат во игра и првпат поведоа со 14-13, откако темпото на Пелистер во одбраната малку спласна. Сепак, избраниците на Рубен Гарабаја не се предадоа – следуваше голема борба, а натпреварот се решаваше во неизвесната завршница. Митревски повторно блесна, овојпат и како стрелец, погодувајќи двапати од „гол на гол“, со што Пелистер поведе со 22-20.

Но, драма немаше да биде драма без нов пресврт – ПИК Сегед направи серија од 3-0 и поведе со 23-24, пред последните секунди да донесат вистинска експлозија на емоции во салата. Кузмановски изнуди пенал десет секунди пред крајот, а Радивојевиќ храбро реализираше за голема победа на „зелено-белите“.

Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Пешевски со седум гола, а зад него се истакна Кузмановски со четири. Кај гостите, најпрецизен беше Алустиза Гарсијандиа со шест погодоци.

Пелистер за седум дена повторно ќе му се спротивстави на ПИК Сегед, овојпат на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Гарабаја за големата победа над ПИК Сегед: Секој сфати што треба да прави!

Македонскиот ракометен првак Пелистер ја запиша својата втора победа сезонава во Лигата на…