Дома Фудбал Не чекал долго, Тудор веќе ја добил првата понуда по отказот во Јувентус!

Не чекал долго, Тудор веќе ја добил првата понуда по отказот во Јувентус!

Игор Тудор одлучил да не ја прифати понудата да го Спартак Москва. Иако бил контактиран од претставници за потенцијален ангажман, Тудор јасно посочил дека работа во руската Премиер лига засега не е во неговите планови, изјавија руските медиуми. Споменато е дека тимот на Тудор на претставниците на клубот им пренел дека работата во Русија не му е приоритет.

Неговите агенти моментално очекуваат понуди од водечките европски првенства, каде што Тудор сака да ја продолжи својата кариера. Овој 47-годишен хрватски стратег последен пат беше ангажиран во Јувентус, каде што се раздели во октомври. Претходно ги водеше Лацио, Марсеј, Верона, Галатасарај, ПАОК… Единствениот клуб што го водел во Хрватска е Хајдук.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Московскиот клуб е во потрага по трајно решение откако Дејан Станковиќ поднесе оставка, откако беше тренер од мај 2024 година. Привремено, должноста главен тренер на црвено-белите ја презеде Вадим Романов.

Тудор неодамна беше спомнуван како можен нов стратег на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон. Во моментов, Вулверхемптон се наоѓа на последното место во Премиер лигата, со само два освоени бода и без ниту една победа во првите десет кола.

Спартак е најуспешниот руски клуб со 12 титули од советското и десет трофеи од руското првенство. Во моментот е на шесто место на табелата во тековното првенство, а последната титула ја освоија во сезоната 2016/17.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирус во Челси: Неколку играчи и членови на персоналот заболени

МЕНАЏЕРОТ на Челси, Лиам Розениор, извести дека тимот го зафати вирус кој се проширил меѓу…