
Британски „Гардијан“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека капитенот на Англија, Хари Кејн, ќе се пресели во Барселона.
Според информациите на лондонскиот медиум, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, е подготвен да ја активира откупната клаузула од 65 милиони евра и да го доведе голгетерот од Минхен.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Англичанецот во Минхен пристигна пред две години за 100 милиони евра, а договорот му трае до 2027 година. Меѓутоа, според „Гардијан“, по завршувањето на оваа сезона Кејн сака нов предизвик и игра во ново фудбалско опкружување.
Кејн има 32 години и Барселона сака со овој трансфер да ја повтори операцијата како Левандовски.