Клупскиот соиграч на Џанлуиџи Буфон, истакна дека му е жал за се што се случи во Италија претходните денови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сами Кедира истакна дека солзите на Буфон по поразот на Италија го мотивирале да даде се од себе за голманската легенда да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.
„Не можам да кажам дека сум среќен. Тоа што Буфон плачеше навистина ме погоди. Верувам дека ги погоди сите, без разлика дали се Италијанци или не се. Буфон е голем спортист, жива легенда. Тој збор денес се користи премногу често, но кога е Буфон во прашање јас искрено го користам. Искрено се надевав дека ќе има можност да игра на Светското првенство“.
„Му испратив порака на Буфон, но сега ни се потребни дела, а не зборови. Му недостасува еден трофеј (Лигата на шампионите), ќе му помогнам да ја освои“, изјави Кедира за „Билд“.