Дома Фудбал Левандовски одговори на шпекулации за пензија

Левандовски одговори на шпекулации за пензија

Иако некои извори пишуваа дека Роберт Левандовски размислува за заминување во пензија доколку Барселона не му понуди нов договор, Полјакот ги демантираше таквите гласини.

Левандовски на собирот на репрезентацијата на Полска зборувал за својата иднина, но не сакал многу да открие. Сепак, јасно е дека нема намера да се пензионира.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Целосно сум фокусиран на оваа сезона и да извлечеме најдобро од неа. Не размислувам за тоа што ќе биде следната сезона и дали ќе бидам во Барселона. Дури и да ме контактира клубот сега за преговори, би одговорил дека сакам да почекам до лето и да видам што е најдобро за мене и моето семејство“, рече Левандовски.

Левандовски и неговото семејство се воодушевени од животот во Барселона и најмногу би сакале да останат да живеат во Каталонија. Сепак, моментално се мали шансите клубот да му понуди нов договор, иако Полјакот е во физички одлична форма и покрај фактот дека на лето полни 38 години.

„Велат дека се опоравувам побрзо од другите? Таков сум, тоа ми е во крвта”, рече подготвениот Левандовски кој со хет-трикот за викендот покажа дека уште не е за “фрлање”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за организација на Европското првенство

Директорот на УЕФА за Европското првенство 2032 година Микеле Ува, е убеден дека Италија н…