Дома Фудбал Конте е немилосрден – веќе бара замена за Де Брујне, познато е и кој е најголемата желба

Конте е немилосрден – веќе бара замена за Де Брујне, познато е и кој е најголемата желба

Во Наполи нема време за жал. Иако Кевин Де Брујне пристигна како големо засилување и еден од најзвучните трансфери ова лето, Антонио Конте веќе размислува како да најде соодветна замена за белгискиот играч од средниот ред.

Кевин Де Брујне се повреди пред неколку недели и според информациите од Италија, нема да биде подготвен за враќање на теренот до февруари 2026 година.

Според информациите кои ги пренесува италијанскиот портал „Туто Меркато Веб“, Наполи веќе го нашол името кое би можело да ја пополни празнината – Коби Меину, талентираниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед.

Англичанецот оваа сезона е целосно испаднат од првите планови кај Рубен Аморим. Португалецот го промени системот и даде предност на други играчи, поради што Меину се почесто останува на клупата или надвор од составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мудрик официјално потпиша, а сите зборуваат за клаузулата!

Тотенхем потврди – Михајло Мудрик е нов член на тимот на Роберто Де Зерби. Оваа вест…