
Не е повеќе возможно помирување помеѓу Винисиус Жуниор и Чаби Алонсо. Бразилскиот фудбалер му пренесе на претседателот на клубот дека не може да најде заеднички јазик со шпанскиот тренер, што значи “Или тој, или јас”. Ако наследникот на Карло Анчелоти остане, тогаш “седумката” на Реал ќе го одбие продолжувањето на договорот што му истекува во 2027 година.
Сериозниот конфликт што избувна во дербито против Барселона создаде ненадоместива дистанца меѓу Чаби Алонсо и Винисиус Жуниор. Официјалната изјава каде што бразилската ѕвезда се извини за нервозниот испад пред навивачите и соиграчите, но не и пред тренерот, јасно покажа дека нивните патишта повеќе не можат да се сретнат на подолг рок.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Иако Флорентино Перез се обиде да биде посредник, организирајќи состанок лице в лице во канцеларијата на Чаби Алонсо, изгледа дека тоа дефинитивно пропадна, а Винисиус остана на цврста позиција и го предупреди претседателот на лидерот во Ла Лига.
– Винисиус му постави ултиматум: или Чаби Алонсо, или тој. Бразилскиот фудбалер веќе му кажал на Флорентино Перез директно дека нема да го продолжи договорот ако Шпанецот остане тренер. Ова се случило пред неколку дена – велат извори блиски до Реал Мадрид, а пренесуваат шпанските медиуми.