Дома Кошарка Нова брилијантна игра на Јокиќ, Денвер забележа победа

Нова брилијантна игра на Јокиќ, Денвер забележа победа

НИКОЛА ЈОКИЌ не запиша седум трипл-дабл во десеттиот натпревар од сезоната, но повторно доминираше статистички, а неговиот тим Денвер Нагетс ги совлада Сакраменто Кингс со конечен резултат од 122:108. Ова беше петта последователна победа за Нагетс и осмата од почетокот на сезоната.

Моќниот центар на НБА лигата и нејзин троен МВП во моментот е и водечки асистент во најсилната кошаркарска лига во светот со 11.9 додавања на натпревар.

Недостатокот во оваа статистичка категорија го одвои од ново трипл-дабл остварување. Овој пат застана со седум асистенции.

Сето друго изгледаше повторно лесно за Јокиќ кој го надмина својот овoсезонски просек во број на поени (25.2) и скокови (13.0). Натпреварот го заврши со 35 поени и 15 скокови, играјќи помалку од 33 минути. Од игра имаше 16/19, а од линијата на слободни фрлања 2/3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Почина Хуберт „Гиз“ Озби, човекот што ја претвораше кошарката во шоу

Легендата на Харлем Глобтротерс почина во 88. година од животот. Неговиот дрес со бројот 3…