Дома Фудбал Убав гест на ФФМ: Влезот за натпреварот со Летонија ќе биде – бесплатен!

Убав гест на ФФМ: Влезот за натпреварот со Летонија ќе биде – бесплатен!

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе одигра пријателски натпревар против Летонија, кој ќе послужи како последна проверка пред решавачкиот квалификациски дуел со Велс што е закажан за пет дена подоцна. Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека влезот на арената ќе биде бесплатен за сите навивачи.

Првично, билетите се продаваа по цена од 200 и 300 денари, но сите кои веќе купиле ќе добијат гратис-влезница за следниот домашен натпревар на националниот тим, без разлика дали ќе биде бараж за Светското првенство или натпревар од поинаков карактер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи.

Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за нивната безрезервна поддршка во текот на целата година.

Истовремено, сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер.

Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за квалификацискиот меч против Велс во Кардиф“, стои во соопштението на федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го изрази своето незадоволство по…