Дома Фудбал Во Реал веќе одлучиле: Ова е цената за Винисиус, кој е подготвен, нека плати!

Во Реал веќе одлучиле: Ова е цената за Винисиус, кој е подготвен, нека плати!

Раководството на Реал Мадрид ги извести сите заинтересирани страни за сумата која треба да ја издвојат доколку сакаат да го обезбедат потписот на ѕвездата и еден од најдобрите играчи на тимот, Винисиус Жуниор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова се случува во време на зголемени шпекулации за пропаднати преговори меѓу Реал и крилниот напаѓач за евентуално продолжување на договорот.

Трансфер експертот Саша Таволиери од Sky објави дека Реал ја поставил почетната цена за Винисиус на 150 милиони евра.

Според информациите, Реал е подготвен да го продаде играчот веќе следното лето.

Се зборува дека Саудиска Арабија е најверојатната дестинација за Винисиус, иако Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата.

Вреди да се спомене дека Винисиус оваа сезона не ги повторува изведбите од претходните години, а односите меѓу него и раководството на Реал дополнително се влошени по последниот Ел Класико, по што Бразилецот мораше јавно да се извини и на своите соиграчи, и на тренерот Хаби Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо го откри планот за Мудрик по потврдата дека се враќа во Челси

Хаби Алонсо откри дека Михајло Мудрик ќе им се придружи на своите соиграчи од Челси по уки…