
Еден од најдобрите во Реал Мадрид голманот Тибо Куртоа се здоби со повреда поради која нема да игра во квалификациите за Светското првенство за Белгија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за повреда на мускулот, а сѐ уште не се знае сериозноста ниту колку долго ќе отсуствува Куртоа. Јасно е дека нема да биде на располагање на селекцијата на Белгија во квалификациските натпревари за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн.
Куртоа многу години е еден од најдобрите голмани на светот, а можеби и најдобриот. Во последно време тој е еден од најважните играчи на Реал Мадрид, особено во овој период на мала криза кога беше претрпен пораз од Ливерпул во Лигата на шампионите и одиграно само 0:0 против Рајо Ваљекано.
Оваа сезона Куртоа нема пропуштено ниту минута како на голот на Реал, така и на голот на Белгија.