Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа се наоѓа на четвртото место со 4.830 поени.

Ѓоковиќ во саботата со победата над Лоренцо Музети во финалето на турнирот во Атина освои вкупно 101 титула во кариерата, по што соопшти дека сепак нема да учествува на овогодинешниот завршен ATP турнир во Торино.

Српскиот тенисер во Торино ќе го замени Музети, кој со поразот во финалето на турнирот во Атина остана на деветтото место на ATP листата, со пет поени помалку од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасиме, кој се наоѓа на осмото место, најниската позиција која носи пласман на завршниот турнир.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На првото место повторно се најде Шпанецот Карлос Алкараз, бидејќи Синер загуби 1.500 поени кои ги заработи со освоената титула на завршниот турнир минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…