Дома Фудбал Рој Кин: Ливерпул не е фаворит за титулата

Рој Кин: Ливерпул не е фаворит за титулата

Рој Кин го исклучи Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата, истакнувајќи дека екипата на Арне Слот е во криза по тешкиот пораж со 3:0 на гостувањето против Манчестер Сити.

Со головите на Ерлинг Халанд, Нико Гонзалес и Џереми Доку, тимот на Пеп Гвардиола ја потврди позицијата како главен конкурент на водечкиот Арсенал и му нанесе сериозен удар на актуелниот шампион.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Невпечатливата игра на Ливерпул го натера легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, да заклучи дека тимот на Арне Слот веројатно нема да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Веднаш по натпреварот, Кин изјави за Скај Спортс: „Не можете да го сметате Ливерпул за фаворит за титулата. Ова беше болен пораз. Ова ме потсети на стариот Сити. Тие беа извонредни. Повторно се во игра.“

„Ливерпул е во криза. Додека е оправдано да се изгуби од клуб како Манчестер Сити, тоа е тежок противник, губењето на седум од десет натпревари, со веќе пет порази во лигата, мора да биде криза за клуб како Ливерпул. Ливерпул изгледаше како слаб тим.

Тренерот рече дека е задоволен со второто полувреме, но натпреварот беше веќе загубен. Лесно е да се игра добро кога веќе не играш за ништо. Сити изгледаше посилен, технички супериорен и физички на повисоко ниво од Ливерпул. Недостигаше интензитет и енергија. Резервистите беа слабост.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Панчев: Македонија напредува и би било феноменално да игра на СП, дај Боже да се случи тоа!

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за српскиот весник „Дневни спортск…