Дома Фудбал Де Лаурентис: Стадионот на Наполи е ѓубре

Де Лаурентис: Стадионот на Наполи е ѓубре

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, присуствуваше на фудбалскиот деловен форум организиран од СДА Бокони во Милано.

Претседателот на Наполи го коментираше состојбата на домашниот стадион на клубот на свој уникатен начин, нарекувајќи го „ѓубриште“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Нашиот стадион, Диего Марадона, е ѓубре“, рече Де Лаурентис, како што пренесува „Калчомеркато“.

„Истото го кажав кога стигна Анчелоти. ПСЖ плаќа ист износ на кирија за својот стадион како и ние, но тие имаат целосна ексклузивност и заработуваат 100 милиони евра годишно. Ние имаме пристап само три дена: пред, за време на и по натпреварите. Тоа е стар стадион, со атлетска патека и ров што ги држи нашите навивачи на растојание“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иван Јуриќ добива отказ, познато е кој ќе ја води Аталанта во продолжението на сезоната!

Аталанта загуби 3:0 од Сасуоло на свој терен попладнево и тоа беше капката што ја прелеа ч…