
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно негативно одговори на тврдењата дека размислува за пензија.
Во последните неколку години, впечатокот е дека повеќе се разговара за пензионирањето на Ѓоковиќ отколку за било што друго.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Српскиот ас постојано мора да одговара на прашања кога ќе оди во пензија, дали размислува за тоа, до кога планира да игра…
Така беше и во Атина, каде што имаше малку остар одговор.
„Оставете ме на мир!”, рече Новак.
„Оставете ме да играм и да се забавувам. Нема одбројување. Секако дека некогаш сум размислувал за тоа, но одам со својот ритам. Ќе завршам кога јас ќе сакам, не кога други мислат дека треба”, додаде тој.
Ѓоковиќ во мај ја наполни 38 години, а потоа ја освои својата 100. титула во кариерата во Женева.